Бизнис
15. January 2016 - 20:24

Од денеска може да се аплицира за проектот „Купи куќа за млади“

Граѓаните заинтерересирани за проектот купи куќа за млади за кој законските измени собранието ги донесе вчера.

Денес во канцеларијата на министерството за финансии се информираа за условите да изградат, доградат или купат куќа со субвенции од државата.

За да аплицираат за субвенции кандидаите треба да се на возраст не поголема од 35 години, да имаат обезбедно плац, да изготват проект или да ги искорстат бесплатните проекти кои ги нуди владата.  Ако се работи за лице во брат заедничките приходи треба да се помали 1.300 евра месечно, или помали од 900 евра за самци. Кандидатите не треба да имаат куќа или стан или да отплаќаат друг станбен кредит.

Субвенциите се нудат во два модели. Во првиот се субвенционира ратата, во првите 8 години   државата плаќа 80%, а во наредните 3 – 50 отсто. Зависно од висината на кредитот субвенциите може да достигнат од 6,5 илјади евра за кредит од 10 илјади евра, па се до 32,5 илјади евра за кредит со главница од 50 илјади евра.

Вториот модел е владата да го покрие целото учество за кредитот. За максимални 50 илјади евра тогаш државата плаќа 12,5 илјади евра.

Дополнителни 2 до 3 илјади евра се заштедуваат заради повластените камати.