Од денеска кафаните и рестораните работат до 1 часот по полноќ
Рестораните и кафулињата од денеска ќе работат до еден часот по полноќ и во работни денови и за време на викенд. Од секторот велат со продолжувањето на работното време и по 22 часот ќе се нормализира нивната работа, но бараат да им се овозможи да можат да примаат гости и во внатрешните делови затоа што многу од објектите немаат тераси поради што не можат да почнат да работат.
Со отстранување на протоколот за работно време, се продолжува со работа согласно Законот за угостителската дејност кој во периодов до 31-ви Август до 01:00 часот по полноќ. Со ова се нормализира работното време и работата во смени. Резултатите од оваа измена ќе ги пратиме и се надеваме на подобрување во работењето. Сепак, мораме да напоменеме дека добар дел од нормализација на процесите зависи и од работата во затворените делови, ограничување кое остави многу угостители затворени, поради немање на тераси. , вели Мартин Ангеловски од туристичко угостотелската комора при ССК.
Угосатителите сеуште чекаат да се донесат и протколи за организирање на свадби и други прослави.
Исто така, ограничувањето во делот на организирани прослави, секако со одредени протоколи, треба да се најави за да може соодветно да се подготват рестораните, како и да се известат клиентите, со еден збор да се добие предвидливост, во оваа неизвесна состојба, вели Мартин Ангеловски од туристичко угостотелската комора при ССК.
Не се направени ниту измени во делот на проколот кој налага на една маса да може да седат четири лица само ако се од иста фамилија. Ова правило создаде најмногу проблеми во работата на угостителите.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
