Од денеска до вторник ЈСП со неделен возен ред
Од денеска до вторник возилата на ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот, информира Јавното сообраќајно претпријатие.
- На ден 4.01.2025 год. (сабота), ќе се работи по неделен возен ред.
- На ден 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, ќе се работи по неделен возен ред.
- На ден 7.01.2025 год. (вторник) Божик, ќе се работи по неделен возен ред.
Работно време на билетарници и центри за персонализација
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
- Транспортен центар;
- Зелен пазар.
Работно време на Жичница
Жичницата на 4.01.2025 год. (сабота) и 7.01.2025 год. (вторник) Божик ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Ново на Сител
-
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини од 25 отсто на американските стоки
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите
-
Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
-
Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија