Од денеска до 31 октомври аплицирање за финансиска поддршка за пченица, јачмен, рж, овес и сончоглед

Од денеска до 31 октомври сите земјоделци кои во производната 2021/2022 година имале засеани и ожнеани површини со пченица, јачмен, рж, овес и сончоглед на површина над еден хектар, кои оствареното производство го продале во регистрирани преработувачки капацитети и оствариле принос од најмалку 4 000 килограми на хектар, 3 000 килограми јачмен, рж и овес и 1 500 килограми сончоглед, ќе можат да аплицираат за дополнителнна финансиска поддршка.
Како што соопшти Платежната агенција, висината на дополнителната финансиска поддршка е 5 760 денари по хектар.
-Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадено производство издадена од регистриран преработувачки капацитет. Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка ќе можат да се обратат за помош во подрачните единици на МЗШВ, наведува Агенцијата.
Ново на Сител
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
-

Костадиновски: „Сејф сити“ ни покажа нашиот менталитет може брзо да се прилагодува на правила
-

Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
-

Мицкоски - Варнс: Заедничка заложба за натамошно јанкење на односите меѓу Македонија и САД
-

Тепачка во казино во Карпош
-

Четиригодишно дете прегазено во Драчево
-

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка
-

ССМ ќе чека до крајот на февруари договор за зголемување на платите, во март најавува генерален штрајк и протест
