Од денеска до 30 јуни пријавување на штетите од невремето
Земјоделците од денеска до 30 јуни можат да поднесуваат барање за проценка на штети на земјоделските површини од климатски неповолниот настан - пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град од 14 јуни 2017 година во Скопскиот, Тетовскиот, Велешко – Светиниколскиот, Кумановскиот, Штипскиот и Гевгелискиот регион, соопшти Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство.
Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на Министерството. Во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лични документи и трансакциска сметка, како и фотокопија од документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за проценката на штетите формираше седум комисии од подрачните единица каде е настаната штетата кои веќе направија првичен увид на земјоделските стопанства.
Од теренскиот увид, комисиите ќе изготват записници кои ќе бидат доставени до Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ. Секторот, записниците ќе ги проследи до Бирото за судски вештачења, кое ќе изготви извештаи со проценка на настаната штета поединечно за секој барател.
Исплатата ќе биде преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, која за секој подносител на барање ќе изготви решение за исплата за настанатата штета, соопшти МЗШВ.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка