Од денеска аплицирање за вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка
Од денеска почнува аплицирањето за вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка во висина од осум милиони евра.
Повикот е наменет за микро, малите и средни компании од сите дејности, а еден од условите е компаниите да имаат пад на приходите од 30 проценти. Кредитите се бескаматни со рок на отплата до три години и грејс период од 12 месеци. Трошоците кон Развојната банка се сведени на нула. Минималниот износ на кредитот е 3.000 евра, а максималниот износ 90.000 евра. Сумата ќе се определува според бројот на вработени кои компанијата го имала заклучно со 31 јануари така што минималната плата ќе се помножи со бројот на вработени и со три месеци.
Аплицирањето ќе биде електронски, а документацијата за „Ковид 2“ е речиси иста како и за првиот пакет „Ковид 1“. Олеснителна околност е и тоа што потребните документи од Централниот регистар ќе бидат издавани бесплатно.
Средствата за овој пакет се обезбедени преку компензациониот фонд на Јапонија.
Според надлежните, ова е значајна финансиска инекција за компаниите во насока да ја сочуваат ликвидноста и работните места.
Освен овој пакет, на располагање на компаниите им стојат и бескаматни кредити во висина од 5,7 милиони евра од првиот пакет „Ковид 1“ кој е наменет за најпогодените сектори – туризмот, угостителството и транспортот.
Вкупниот износ на средства што им се даваат на располагање на компаниите со двата повика изнесува 13,7 милиони евра. Покрај ова, компаниите имаат на располагање и околу 50 милиони евра преку комерцијалните банки.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп