Македонија
1. October 2016 - 17:54

Од денеска алкохолот ќе се продава до 19 часот

Алкохолните пијалаци од денес во трговските објекти повторно ќе се продаваат од 6 до 19 часот, место до 21 часот.
Според законските одредби, продолженото време на продажба до 21часотважи од мај до крајот на септември.
 
За тие што нема да го почитуваат законското решение се предвидени санкции- забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.