Македонија
21. јуни 2016 - 12:48

Од денес почнува летото - Ова задолжително прочитајте го ако планирате одмор

 
Денеска конечно започна летото во кое ќе уживаме. Море, коктели, сонце, лежалка, плажа се она што прво не асоцира на летото, но сепак оваа година треба да внимавате како се однесувате онаму каде што ќе одите, а еве и зошто.
 
Секоја земја си има свои закони за казнување на туристите на плажите, па затоа е добро да го прочитате ова ако планирате да одите во некоја од овие земји.
 
Во Шпанија ако оставите отворен чадор ќе си платите казна од 150 евра, во Хрватска доколку се занесете во страстите на плажа ќе платите и до 500 евра.
 
Оние кои сакаат да го посетат историскиот дел на Дубровник ако се облечени непрописно, односно во купаќи ќе платат казна од 150 евра.
 
Кај нашиот јужен сосед, доколку донесете пиење на плажа каде има мини-бар ќе платите од 80 до 150 евра казна. Грците се либерални но казнуваат и ако непрописно се паркирате.