Од алкохолно труење во Сибир починале 60 лица
Најмалку 60 луѓе починале од труење со алкохол во Иркутск, а властите досега уапсиле 11 лица поради сомнение дека продавале лосион за капење што содржи метанол.
Регионалното Министерство за здравство соопшти дека се регистрирани 105 случаи на труење, од кои 40 се се уште во болница, а петмина се отпуштени поради подобрување на нивната здравствена состојба.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев неодамна, на седница на Владата, нагласи дека властите мораат да делуваат брзо и да ја забранат продажбата на ваквите препарати.
- Тоа е страшно. На ова мора да се стави крај, истакна Медведев.
Истражниот комитет на Руската Федерација, највисокиот истражен орган на земјата, објави дека на амбалажата било наведено дека лосионот е само за надворешна употреба.
Поради овој инцидент во Иркутск е прогласена вонредна состојба.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти