Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките
Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија (анастрозол и летрозол) во аптеките, изјавија за МИА директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов.
-Денеска ќе биде објавен шифрарникот со важност од 4 август, од кога ќе можат пациентите на рецепт да подигнат терапијата од аптека. Значи пациентите треба да земат извештај од онколог, потоа на матичен лекар да земат рецепт, а од таму во аптека да ги подигнат лековите. Партиципацијата ќе биде околу 50 денари, истакнаа директорите на ФЗО.
Во врска со хормонската инјекција ресилиго, која ја примаат онколошките пациенти, директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски за МИА изјави дека тие пациенти во текот на идната недела ќе бидат известени кога и каде ќе можат да ја примат терапијата.
МИА
Ново на Сител
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција во ЕУ
-
Судот во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот
-
Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Илинден е сржта на македонската историја, срцето на македонската република