Од 16 алкотестирани 7 лица управувале пловен објект под дејство на алкохол во Охрид
Викендов (05/06.07.2025) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ при Регионалниот центар запад, како и инспектори од Капетанија на пристаништата Охрид, реализираа засилени акциски мерки согласно Законот за внатрешна пловидба.
Притоа, во водите на Охридското езеро, кај 13 пловни објекти и 13 лица констатирани се 22 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, при што три лица се затекнати при управување скутер за време на забрана, евидентирани се седум случаи на управување на пловен објект без пловидбена дозвола, како и пет случаи на управување без стекнато уверение за управување пловило. Исто така, алкотестирани се вкупно 16 лица и кај седум лица е утврдено присуство на алкохол во крвта. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата - избрани осум нови министри
-

Николоски и Рокас присуствуваа на промоција на нови возила за Државниот инспекторат за транспорт
-

Расте бројот на странските туристи
-

Катедралата на Кале кај Крупиште целосно откриена
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
