Од 15 јули дозволени директни летови од Велика Британија кон Грција
Од 15 јули 2020 година, Грција ќе дозволи директни летови од Велика Бртианија кон сите грчки аеродроми, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
-Во соработка со британската Влада и по препорака од експертите, Владата соопштува продолжување на директните летови од Велика Британија кон сите аеродроми во земјата од 15 јули. За Шведска, ги следиме епидемиолошките податоци и во зависност од тоа како ќе се развиваат, ќе излземе со соопштенија, рече портпаролот на грчката Влада.
Велика Британија и Шведска беа меѓу земјите кои не се најдоа на листата на Грција за директно авионско поврзување од 1 јули.
Пецас објасни дека тие како Влада, го задржуваат правото да ја прилагодат нивната стратегија согласно епидемиолшката слика во земјите, односно или да го забрзаат отворањето, ако тоа го дозволуваат епидемиолшките податоци или да го забават.
-Секогаш, првиот и главен критериум е заштита на јавното здравје и човечките живот. Од ова нема да направиме никаква отстапка, рече Пецас.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива