Од 15 декември „Новогодишна потрошувачка кошничка“
Владата вчера и официјално ја најави новата кампања која треба да донесе пониски цени на одредени прехранбени производи за време на новогодишните празници. Како што вчера соопшти премиерот почнувајќи од 15 декемеври договорено е 675 производи да имаат најмалку 10% пониски цени.
Станува збор за договор на Владата и најголемиот дел од производителите и трговците да им се излезе во пресрет на граѓаните за време на новогодишните празници.
„На рафтовите производите кои се со намалени цени ќе бидат означени, а дополнително преку веб страната mojakosnica.mk граѓаните ќе може да се информираат за производите кои се опфатени од оваа листа. Владата покажа одговорно работење и посветеност кога станува збор за подобар животен стандард. Воедно, листата во следниот период има можност да се проширува и со други производи по ниски цени. Оваа одлука е за поздравување и има за цел секое семејство новогодишните празници да ги помине во пристојни услови.“ – се вели во соопштението на Владата.
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина