Од 13 до 16 октомври 35. Скопски џез фестивал
Со настап на пијанистот Бојан Зулфикарпашиќ познат како Бојан З, на 13 октомври во Македонскиот народен театар ќе почне 35. Скопски џез фестивал, кој ќе трае до 16 октомври.
Директорот на Скопскиот џез-фестивал Оливер Белопета денеска на прес-конференција соопшти дека нивна основна заложба е фестивалот програмски да го сочува исклучително високото квалитетно ниво и репутацијата која, како што рече, пред се ја има во светот.
Тој информира дека фестивалот ќе се одржува сите четири дена во Македонскиот народен театар (МНТ), каде ќе има вечерна програма, а ќе има и два полноќни концерти.
Според програмата, на 13 октомври концерт ќе има и триото на новата голема гитарска ѕвезда Џулијан Лаж, кој со ова трио премиерно доаѓа во Европа.
Втората вечер ќе настапи Винисиус Кантуарија од Бразил со својот последен проект и ЦД каде го пее Антонио Карлос Џобим, како и триото на пијанистот Марцин Василевски од Полска со гостинот саксофонист Јоаким Милдер од Шведска.
Третата вечер од САД доаѓа квартетот „Madе to Break“, тоа е последениот проект на саксофонистот Кен Вандермарк и скандинавското трио „The Thing“.
На последната вечер ќе биде претставен новиот проект на музичарот Питер Еванс на труба, со триото наречено „Pulverize the Sound“. За крај концерт ќе има групата на францускиот саксофонист и вокалист Томас де Пуркери „Supersonic“, која последниве години се смета за најголемо откритие на европската џез сцена.
Во полноќната програма во Дансинг салата на МКЦ, на 14 октомври концерт ќе има Џос Стоун, еден од најсилните гласови од британската музичка сцена. На 15 октомври на полноќ во Сити хол центарот концерт ќе има Гоце Стевковски и неговиот септет со Џијан Емин.
Покровител на фестивалотот е Министерството за култура, а поддржувачи се Град Скопје, Амбасадата на САД во Македонија, Делегацијата на ЕУ во Македонија.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница