Од 1 ноември почнува зимската сезона за терасите на угостителските објекти
Град Скопје денеска ги информира угостителските објекти дека од 1 ноември почнува зимската сезона за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема.
Барањата за добивање одобрение за вршење на дејност надвор од деловниот простор треба да се достават до архивата на Град Скопје најдоцна до 31 октомври.
Барањата може да се најдат на веб порталот на Град Скопје www.skopje.gov.mk или во архивата на Град Скопје, барака 16.
- Корисниците на јавни површини кои имаат одобрение од зимската сезона 2015-2016 година, треба да го достават стариот елаборат (оригинал), нова тековна состојба, за сопствен имот имотен лист и употребна дозвола за деловниот простор, појаснуваат од Град Скопје.
По доставените документи, Град Скопје во рок од пет работни дена треба да го издаде Одобрението за вршење дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема.
Зимската сезона за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема завршува на 30 март 2017 година.
Ново на Сител
-

Вардар во криза? Поразот од КуПС отвори многу прашања
-

Даниела Димовска избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје
-

СП 2026: Швајцарија е последниот четвртфиналист
-

Мексикански државјанин застрелан во САД по наводен напад врз агент на ICE
-

Уапсен 33-годишник од Кисела Вода, при претрес на домот пронајдена дрога
-

Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
-

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линија Драчево - Илинден
-

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
