Од 1 март побезбедни онлајн-плаќања

Од 1 март стапува во сила законската обврска за банките за засилена автентикација на клиентите при онлајн-плаќања со платежни картички. Целта е да се обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при плаќањата без физичко присуство.
- Засилената автентикација му овозможува на клиентот на банката, при плаќање на интернет, покрај внесувањето на податоците од картичката, да даде дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката, која се инсталира на мобилен телефон и му овозможува безбедно да ги следи своите сметки и да одобрува плаќања. Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице. Без оваа потврда плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката - појаснуваат од централната банка.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежните услуги и платните системи. Таа се воведува постепено во земјата и веќе е во примена при извршување онлајн-увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршување плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство.
- Со примената на засилената автентикација и при извршувањето на плаќањата преку интернет од 1 март 2026 година се заокружува процесот на усогласување со правилата и стандардите што се применуваат во Европската Унија за безбедно извршување онлајн-плаќања. Со оваа промена се зајакнува довербата во дигиталните плаќања и се унапредува заштитата на корисниците - велат од Народната банка.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски со честитка за Студентската листа: Им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста
-

Пад на цените на нафтата, денеска РКЕ ќе одлучува за цените на горивата
-

АХВ заплени и уништи 470 килограми месо и внатрешни органи во нерегистрирана комора во Василево | ФОТО
-

САД го охрабриле Орбан да се кандидира за генерален секретар на ОН
-

„Принглс“ нуди 200 години бесплатен чипс на оној што ќе се согласи да биде погребан во нивна кутија
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
