Од 1 мај во УЈП Скопје само со закажан термин
- Услугите на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје од 1 мај ќе бидат достапни само доколку даночните обврзници и сметководители имаат закажано термин за средба со даночните агенти.
Терминот ќе се закажува преку Инфо центарот на УЈП на телефонот 0800-33-000 или 02/3253-200 или преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk.
Од Управата за јавни приходи информираат дека овој нов начин се воведува со цел подобрување на даночните услуги, намалување на времето на чекање и на метежите на даночните шалтери, навремена услуга и точен одговор за даночните обврзници.
- Услугата „Закажи средба“ овозможува секоја странка да закаже термин за средба со даночен агент во УЈП - Регионална дирекција Скопје во време кое нему му одговара, според расположливите термини, а со цел консултација од даночната сфера, и тоа добивање на општи информации за рокови, начини за пријавување и плаќање даноци, отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник, консултации за издадени даночни документи, утврдување на даноци, постапки за наплата на долгови, правни прашања и консултација за други специфични прашања, појаснуваат од УЈП.
Доколку даночните обврзници не се во можност да присуствуваат на закажаниот термин, ќе треба да ја откажат средбата или да презакажат друг термин.
Ново на Сител
-
САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност
-
Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја
-
Aрсовска: Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на 12-катницата во Чаир, изградена без проект, на диво приклучена на струја, без платени комуналии
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата