Од 1 јуни директна авиолинија Варшава - Скопје
Скопје и Варшава од 1 јуни годинава ќе бидат поврзани со директна авионска линија, објавија денеска ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс.
Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба, преку Контакт-центарот на LOT, на интернет страницата www.lot.com, и кај продажните агенти.
Ембраерите на LOT секој понеделник, среда и петок ќе полетуваат од Аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10:35 часот за да пристигнат во Македонија во 12:40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава ќе заминуваат во 13:20 часот. Секој вторник, четврток и сабота летот од Варшава е закажан да полета во 14:25 часот, а да слета во Скопје во 16:30 часот. Поаѓањето од Скопје е планирано да биде во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава е во 19:15 часот.
Директорот на корпоративни комуникации и портпарол на LOT, Адриан Кубицки, вели дека Скопје е комплетно нова дестинација во понудата на авиокомпанијата.
- Македонија е секоја година сé повеќе популарна кај туристите, воодушевувајќи ги со својата историја, регионалната кујна и културната разновидност. Нашите патници штотуку добија можност да се запознаат со различните туристички вредности на таа неверојатна земја. Сигурен сум дека многумина ќе ја искористат оваа можност уште ова лето, вели Кубицки.
Распоредот на летови е креиран така што патниците кои патуваат од Скопје да имаат пристап до брзи и погодни летови за конекции од аеродромот „Шопен“ во Варшава до дестинации во САД, Канада и Западна Европа.
Од ТАВ Македонија очекуваме оваа авионска линија да се покаже како многу успешна.
- Со ова полските туристи ќе имаат можност да ја посетат и да ја откријат Македонија, а во исто време и граѓаните на Македонија и на соседните земји ќе имаат можност да патуваат со директна линија до Варшава и да ја доживеат Полска. Оваа авиолинија, исто така, ќе послужи за двете земји да ги зајакнат бизнис-врските, да се овозможи подобра комуникација со Источна Европа, како и трансатлантски летови до многу дестинации во светот кои се понудени од Варшава, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември