Од 1 јуни бесплатен градски превоз во Загреб за постарите од 65 години
Од 1 јуни, право на бесплатен јавен превоз ќе имаат граѓаните кои живеат во Загреб, а кои имаат 65 години и повеќе, соопштија од Градот. Со оглед на тоа што има речиси 160.000 мажи и жени од Загреб кои го остваруваат ова право, ЗЕТ овозможи преоден период во кој е можно бесплатно користење на транспортната услуга со приложување на важечка лична карта која покажува престој во градот Загреб и дека корисниците наполниле 65 години.
Преодниот рок важи од 1 јуни до 30 септември 2024 година, а во наведениот период, мажите и жените од Загреб над 65 години на продажните места на ЗЕТ можат да подигнат бесплатен годишен купон со важност од 12 месеци Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ изјави дека со тоа се олеснува мобилноста на старите лица и се намалуваат нивните трошоци за живот.
Ново на Сител
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!