Од 1 јануари Србија ќе воведе национален данок на CO2
Компаниите во Србија што произведуваат цемент, железо, челик, алуминиум, вештачко ѓубриво, но и електрична енергија – компании што се класифицирани како „големи загадувачи“ поради природата на нивната работа – ќе мора да ѝ платат на државата данок на загадување од 1 јануари.
Наплатата на тој данок ќе важи и за компаниите што увезуваат овие „валкани“ суровини.
Нацрт-законите на Законот за данокот на емисиите на стакленички гасови и Законот за данокот на увоз на производи со интензивна содржина на јаглерод во моментов се во процес на јавна дискусија, која ќе трае до 21 октомври.
Првиот јавен состанок на оваа тема ќе биде организиран денеска во Стопанската комора на Србија.
Српскиот закон предвидува надомест од само четири евра по тон јаглерод, а со плаќањето на националниот данок, домашните компании треба да бидат ослободени од плаќање на скапиот европски данок, што исто така стапува на сила на 1 јануари 2026 година.
Министерството за финансии на Србија наведува дека целта на воведувањето на овој данок е да се охрабрат компаниите да инвестираат повеќе во обновливи извори на енергија, зелена градба и декарбонизација, за да биде воздухот почист, а ризиците по здравјето на луѓето минимални.
МИА
Ново на Сител
-
Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори
-
Дел од корисниците во Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров денеска без струја
-
Времето променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Украина без струја по руски напади
-
Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите
-
Лавров: ЕУ сака да го претвори украинскиот конфликт во војна на Трамп
-
Најмоќниот Македонец во Белград | Тома Фила | Неформално | Sitel Podcast 118
-
Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор