Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година
Српската Влада ја усвои Одлуката за зголемување на минималната цена на трудот од 1 јануари 2026 година на 371 динар по работен час, со што минималната месечна плата ќе изнесува 64.554 динари, што, како што наведе, изнесува 551 евро.
Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната година, а се применува од 1 јануари следната година.
Во однос на минималната плата во 2024 година, која изнесуваше 404 евра, ова е зголемување од 36 проценти.
Во претходните денови, преговорите за зголемување на минималната цена на трудот ги водеа претставници на Владата на Србија и репрезентативните синдикати.
Предлогот на Владата беше „минималната плата“ од 1 јануари 2026 година да изнесува 550 евра, синдикатите побараа 600 евра, додека работодавачите се залагаа таа да не биде повисока од 500 евра.
На последниот состанок, одржан на 9 септември, не беше постигнат договор за процентот на зголемување, па Владата ја донесе конечната одлука два дена подоцна.
Новиот минимум е за 75 евра повисок од минималната потрошувачка кошничка пресметана за мај.
На почетокот на септември, Владата на Србија ги ограничи маржите на трговските синџири за околу 3.000 производи со цел да се ублажи влијанието на зголемувањето на цените, пред сè на храната, врз буџетот на домаќинствата на српските граѓани.
Дел од експертите оценуваат дека тој потег како маркетиншки трик, без значајни и долгорочни ефекти врз куповната моќ на населението.
МИА
Ново на Сител
-
Мерц најави германски Акциски план против руските хибридни напади
-
Одбележување на Денот на Командата за операции на Армијата
-
Без вода дел од населба Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР
-
Трамп не сака да ги осиромаши американските залихи од ракетите „Томахавк“
-
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
-
Филипче за Сител: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава со стабилни финансии, за година и пол направија хаос
-
Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк
-
Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас