-->
-->
Очекувана победа на Куманово против Бест
-->
Екипата на Куманово забележа очекувана победа против Бест во воведниот натпревар од 11.коло на Првата македонска кошаркарска лига.
На средбата одиграна попладнево во Гевгелија вицепрвакот Куманово до шестата своја победа сезонава стигна со триумфот од 93:83 нанесувајќи му го на тимот на Бест единаесетиот пораз во исто толку одиграни средби.
Најефикасен во редовите на победничката екипа, а воедно и на натпреварот беше Бојан Трајковски која постигна 39 поени, а имаше и 15 скокови.
Тајрон Харис со 28 поени, 7 скока и 6 асистенции беше најдобар кај домаќинот од Гевгелија.
Утре ќе се играат два натпревари. Во Скопје, второ пласираниот Карпош Соколи го пречекува гевгелиски Кожув, дпдека во Струмица, кај истоимената домашна екипа, гостува Работнички. Двата натпревари ќе почнат од 18 часот.
Дуелот од ова коло помеѓу МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри е одложен поради настапот на шампоионот во АБА лигата.
Табела: МЗТ Скопје 9-1 (победи-порази), Карпош Соколи 8-2, Куманово 6-5, Фени Индустри 6-4, Кожув 5-5, Работнички 4-6, Струмица 3-6 и Бест 0-11 .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила