Фудбал
25. April 2017 - 10:53

Очекувана и убедлива победа на Рома против Пескара

 
 
Во последниот натпревар од 33.коло на фудбалскиот шампионат на Италија, одигран синоќа во Пескара, екипата на Рома забележа очекувана и убедлива победа над последно пласираната екипа на Паскера со 4:1. 
 
Мохамед Салах постигна два од четирите гола за гостите од Рим, а во листата на стрелците се запишаа и Кевин Стротман и Раџа Наинголан/ Почесниот гол за Пескара го постигна Ахмед Бенали.
 
На претходно одиграните дуели од ова коло беа постигнати овие резултати: 
 
Јувентус – Џенова 4:0, 
Сасуоло – Наполи 2:2, 
Милан – Емполи 1:2, 
Киево – Торино 1:3, 
Лацио – Палермо 6:2, 
Сампдорија – Кротоне 1:2, 
Удинезе – Каљари 2:1, 
Фиорентина – Интер 5:4 и 
Аталанта – Болоња 3:2.
 
Табела: Јувентус 83 бодови, Рома 75, Наполи 71, Лацио 64, Аталанта 63, Милан 58, Интер 56, Фиорентина 55,...