Македонија
11. April 2024 - 12:32

Оценка на Фридом Хаус: Македонија назадува во владеење на правото и борбата со корупцијата

Македонија назадува во владеењето на правото и борбата со корупцијата според најновиот извештај на Фридом Хаус насловен Државите во транзиција.

Македонија е сместена во групата Циклични хибриди.

Извештајот предупредува на долготрајната корупција на високо ниво во Северна Македонија, а го забележува и судирот на партиите околу уставните амандмани потребни поради бугарското вето за пристапување на земјата во Европската Унија.

Уште полошо, контроверзните измени во Кривичниот законик од 2023 година ги намалија казните и предизвикаа отфрлање на значајни случаи, додека јавноста беше вознемирена со фатални корупциски скандали во здравството“, се вели во документот.

Назадувањето е видливо и во регионот, каде пад на оценката бележат  Црна Гора и Босна и Херцеговина, а најголем пад бележи Србија. Од земјите во регионот непроменета е оценката во однос на претходната година за Хрватска, Косово и Албанија.