Обвинувања за партиски вработувања пред избори во Охрид
Охрид предизборно се полни со партиски кадри .Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија за нови вработувања во општината,јавните претпријатија и училиштата за задоволување на партиските апетити.
Тие велат дека вработените немаат никакви услови за работа, а се најавуваат вработувања и идната година, на тој начин наместо ефективна општината има пренатрупана администрација.
Градоначалникот Георгиески ги отфрли обвинувањата за вработувањата, нагласувајќи дека истите се предвидени согласно направената систематизација и законот.
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ велат дека апсурдно е што вработувања се предвидени во училиштата каде обемот на работа опаѓа заради се помалиот број на ученици додавајќи дека целта на партиските вработувања е добивање повеќе гласачи за претстојните избори.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар