Македонија
20. January 2025 - 12:16
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
Обвинителство почнало предистражна постапка за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за апелацискиот судија Енвер Беџети за случајот за кој двајцата се најдоа на црната листа на Соединетите Американски Држави. Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски вели дека обвинителите истражуваат и дали во ставањето во фиока на предметите на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков учествувало и трето лице.
-->
-->