Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
Обвинителство прибира докази за Груби и судијата Беџети кои неодамна беа ставени на американската црна листа. По оформување на предметот кој треба да открие тргување со влијание, обвинителството ги побарало документите од Судски за водењето на дисциплинската постапка против Беџети.
„Истражител од Истражниот центар на обвинителството, ги побара и ги презеде од Судскиот совет сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судиите кои постапувале во предметот познат во јавноста како „Таргет-Тврдина“, се вели во известувањето до Јавното обвинителство.
Во таа постапка, апелациониот судија беше казнет со кратење на платата за 20 проценти во период од шест месеци.. Беџети, како судија известител, со месеци неоправдано не го решавал предметот со масовното прислушување, па се создале услови тој да застаре.
Судијата засега ја нема коментирано одлуката на САД да го стави на црната листа.. Груби пак се повлече од партијата, со тврдење дека е чист како солза. Партијата на власт го повика обвинителството да ги обезбеди доказите за влијание поради кои поранешниот вицепремиер се нашол на црната листа.
„Ако ЈО не поведе постапка против Груби оваа генерација обвинители ќе биде 100% виновна зошто довербата на народот во нив е есамо 2%. Груби не е сам, СДС му беа логистика и одговорност мора да има за сите“, изјави Бране Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме, од Судскиот совет информираа дека се посветени на справување со корупција во правосудниот систем и ќе ги преземат сите надлежности кои ги нудат законите за судови и судскиот совет.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар