Обвинителството со детали за смртта на осумгодишното дете во Неготино
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на местото на кое починало осумгодишно дете вчера во Неготино.
-Според сознанијата добиени на лице место, осумгодишното дете по завршување на училишниот ден, било оставено на чување кај роднини. Заедно со уште четири други деца седеле на ѕид со висина од околу 70 сантиметри на еден од дворовите и разговарале. Во близина биле и неколкумина возрасни. Во еден момент детето се пожалило дека му е лошо, по што паднало од ѕидот. Возрасните го пренеле во болница, каде и покрај обидите за реанимација била констатирана смрт. Од извршениот увид на лице место и разговорите со сите сведоци на настанот, не произлезе никакво сомнение дека смртта е резултат на кривично дело. Родителите на детето исто така во разговор со јавниот обвинител изјавиле дека не се сомневаат оти причината за смрт би можела да биде кривично дело, велат од Службата за односи со јавноста при Републичкото јавно обвинителство.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал