Обвинителството се уште го истражува извидничкиот секс-скандал
Низа истражни дејствија спроведува Јавното обвинителство за извидничкиот камп организиран од Прв скопски извиднички одред. Се сослушувале сведоци, а наредени биле и вештачења за случајот.
-Во предметот интензивно се постапува и по наредба на јавниот обвинител се прибираат сите неопходни податоци и вербални искази, а се вршат и вештачења со цел да се утврди фактичката состојба. Детали за дејствијата што се преземаат во рамките на предистрагата, обвинителството не е во можност да споделува со јавноста. Веднаш штом ќе бидат направени неопходните проверки, Јавното обвинителство ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката, велат од Јавното обвинителство.
Скандалот во јавноста го обелоденија родителите чии деца учествувале на кампот во скопско Зелениково.
Според сведоштвата, од децата се барало да глумат секс-пози, да прават отпечатоци на хартија од своите гради и гениталии.
Извидничкиот одред ги негираше таквите информации. Биле извадени од контекст, а велат дека настанот бил традиционален и како што наведоа во својата писмена реакција, тоа не било манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-
Полицаец во Тетово одавал службени тајни за акции и контроли на вработен во казино
-
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја задолжиле државата
-
Министерството за финансии денес или утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10
-
Левица предлага шестчасовно работно време, без намалување на платите
-
Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога
-
Шведски тим од волонтери почна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток