Обвинителството почна истрага за изградбата на мостот „Око”
По склучување на договорот во висина од 92.546.647,00 денари за јавна набавка на работи – изградба на пешачки мост од страна на Општина Центар како инвеститор од една и изведувачот на градежните работи од друга страна, склучен е и Анекс на договорот за јавна набавка со што вредноста на договорот се зголемила на износ од 119.197.783,00 денари.
Првоосомичениот како извршен орган на општината и потписник на Договорот за јавни набавки и Анекс договорот за јавна набавка, заедно со второосомничениот како потписник на барањата за исплата кој имал обврска да ја проверува документацијата и со тоа да го следи степенот на реализација на проектот и третоосомничениот како овластено одговорно лице за следење на текот на изведбата на проектот согласно договорот, не ги запазиле законските одредби од Законот за јавни набавки. Осомничените согласно своите надлежности не презеле активности за активирање и наплата на банкарските гаранции депонирани во деловните банки од страна на изведувачот, ниту побарале продолжување на рокот на важност на гаранциите во износ од 8.773.714,00 денари за дадените аванси. Воедно, првоосомничениот согласно склучениот Анекс договор, иако бил обврзан, не го продолжил рокот на важност на банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите во износ од 17.879.710,00 денари, а која гаранција по раскинување на договорот требало да ја активира и наплати во корист на Општина Центар.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО