Обвинителството отвори нова истрага за криминал против лидерот на СДСМ Зоран Заев
Обвинителството за организиран криминал отворило нова истражна постапка против лидерот на СДСМ Зоран Заев. Обвинителството утрово преку писмено соопштение потврди дека се води истрага против висок функционер во општина Струмица, но не откри детали.
„Осомничениот во 2010 година во исти ден повластувајќи исто правното лице од Струмица склучил четири посебни Договори со вкупна вредност од 1.029.549,оо денари за асфалтирање на една иста улица во населено место во општина Струмица, наместо да спроведе една транспарента постапка за јавна набавка со објава на оглас за доделување на договор, истовремено распишал и спровел четири одвоени постапки за прибирање на понуди без оглас и покрај законската забрана за делење на договор за јавна набавка на повеќе посебни договори со пониска вредност, со што ги изиграл одредбите од Законот за јавни набавки на штета на Буџетот општината.“ – стои во писменото соопштение на Јавното обвинителство.
Лидерот на СДСМ веќе има една кривична пријава за работењето како градоначалник во општина Струмица. Тој е осомничен за злоупотреба на положбата откако со камера беше снимен како бара мито од 200.000 евра за изградба на црква во општината.
Иако случајот е отворен пред подолг период судењето тапка во место, бидејќи Заев редовно наоѓа изговори за да не дојде на суд. Најчесто тоа се средби со амбасадори и конзули на амбасадите, а по некогаш се расипуваат автомобилите и на неговите адвокати.
Медиумите подолг период пишуваат за серија неправилности во работењето на општина Струмица. Според објавените информации, Заев поделил огромна сума пари преку тендери од општината на своите најблиски роднини и бизнис соработници.
Ново на Сител
-

Шведска и Франција на врвот по силувања во Европа, Македонија побезбедна за жените
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
