Обвинителството на Босна и Херцеговина добило бројни пријави за незаконитости во врска со изборниот процес
На денот на општите избори во Босна и Херцеговина, на 2 октомври, како и во периодот пред и потоа, Обвинителството на БиХ примило и евидентирало одреден број пријави поврзани со наводи за незаконитости и нерегуларности во врска со изборен процес.
Обвинителството соопшти дека во меѓувреме пристигнале повеќе извештаи од Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК) и Агенцијата за истрага и заштита (СИПА), како и од граѓани.
Обвинителството на Босна и Херцеговина нагласи дека заедно со партнерските институции и агенции ги проверуваат наводите од извештаите, како и дека во случаите поврзани со пријави за незаконитости и нерегуларности во изборниот процес на ниво на ентитети, ентитетските судски институции и полициските агенции се надлежни и постапуваат.
„Кога станува збор за изборниот процес за претседател на РС, тоа е во надлежност на републичките и окружните јавни обвинителства во РС, а Обвинителството на Босна и Херцеговина, во случај на потреба, ќе обезбеди секаков вид асистенција и помош согласно законот“, соопштуваат од Државното обвинителство, пренесува агенцијата Фена.
Кривичниот закон ги дефинира казните за кривичните дела поврзани со изборите кои се однесуваат на ускратување на избирачкото право, повреда на слободниот избор на избирачите, измама при гласање, повреда на тајноста на гласањето, изборна измама и уништување на изборна исправа. Предвидените казни се движат од парични до затворски казни од три месеци до пет години.
Ново на Сител
-

Престанок на забраната за тешки товарни возила на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар-Стража-Кичево
-

Велешанец лажно пријавил малтретирање од полицајци
-

54-годишник од кочанско покрај нива пронашол неексплодирана граната
-

Руте: Тензиите околу Гренланд не би требало да го одвратат вниманието на Европа и САД од Украина
-

АМСМ: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење поради снег
-

Алиу: Предлог-законот го регулира пушењето на отворен јавен простор, каде што има присуство или движење на повеќе луѓе
-

Двајца починати и четворица тешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи
-

Изминатите два дена 1026 сообраќајни прекршоци, приведени пет лица за безобѕирно управување на возило
