Обвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за разбојничка кражба, провалил во куќа и украл над 1.500 евра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против лице осомничено за разбојничка кражба, казниво по член 238 став 1 од Кривичниот законик.
Како што е наведено во соопштението на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничениот на 19 октомври со цигла го скршил стаклото од прозорецот на спалната соба во куќа на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје, потоа влегол во куќата, пребарувал низ просториите и одзел 1.580 евра и 2.000 денари.
Во моментот кога се обидел да го напушти местото, сопственикот на куќата го затекнал и се обидел да го спречи, но осомничениот физички го нападнал и го турнал во грмушките во дворот, по што избегал од местото на настанот.
Обвинителството предложило мерка притвор поради постоење опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетениот, како и ризик од повторување на делото.
МИА
Ново на Сител
-

Спасовски: Резултатот на СДСМ е дно
-

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
-

Ја намамил жртвата во својот автомобил, ја однел на локација, па со друго лице му пукале во глава - расветлено убиството во Чашка
-

Температурата утрово од 2 до 12 степени, најмногу дожд во Крушево
-

САД од денеска ги намалуваат домашните летови за четири отсто поради затворањето на Владата
-

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје
-

Премиерот Мицкоски на увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз
-

Хегсет: Три лица, означени како наркотерористи, загинаа во напад на американската армија во Карипско Море
