Обвинителството бара од Албанија да и врати 20 икони на Македонија

Согласно Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривична материја и Законот за меѓународна соработка во кривична материја на Република Македонија, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција преку Министерство за правда, до надлежниот суд во Тирана, Република Албанија, поднесе официјално барање за враќање на 20 икони со непроценлива вредност, сопственост на Република Македонија.
- Имено, во полициската акција наречена „Икона“ во 2013 година албанската полиција заплени поголем број на икони и црковни предмети. Во декември истата година, на средбата помеѓу албанската и македонската полиција беше споделена информација дека 20 од запленетите икони не потекнуваат од Република Албанија и дека постои можност истите да се одземени од цркви и манастири лоцирани во западниот дел на Република Македонија, со оглед на тоа што членовите на криминалната група вршеле криминални активности и на територијата на нашата држава, стои во денешното соопштение од Обвинителството.
По добивањето на оваа информација, експерти од Република Македонија, извршиле увид во запленетите икони и подготвиле стручен наод и мислење во кој беше утврдено дека 20- те икони, потекнуваат од цркви и манастири што се наоѓаат во западниот дел на Република Македонија и дека истите се оригинални. Понатамошното собирање на материјални докази утврди од кои цркви и манастири, во кој временски период и на кој начин предметните икони се противправно одземени и потоа илегално изнесени од Република Македонија.
На почетокот на 2014 година, на средба што се одржа во Тирана, помеѓу обвинителите на Република Македонија и Република Албанија, биле разменети информациите за утврдените материјални докази. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на својот колега во Тирана му достави вешт наод и мислење за потеклото, оригиналноста и непроценливата вредност на 20-те икони - културно наследство и сопственост на Република Македонија, како и докази за потеклото на иконите од црквите, времето кога биле одземени, како и за начинот на кој се утврдени материјалните траги. Доказите прибрани во текот на истрагата, обвинителот од Тирана ги приложи кон поднесениот обвинителен акт до надлежниот суд во Тирана и есента минатата година беше донесена правосилна осудителна пресуда.
Ново на Сител
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
-

Лишени од слобода седуммина за безобѕирно управување возило
-

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица
