Обвинителство предложи судење на Трамп на 4 март, во ек на претседателската кампања
Обвинител во Џорџија предложи судењето на Доналд Трамп за обид да се смени изборниот пораз, да почне на 4 март 2024 година, во ек на кампањата за републиканска номинација на кандидатот за следните претседателски избори.
Обвинителката Фани Вилис отвори кривична постапка против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и предложи датум за судење кој е еден ден пред Супер вторник, кога гласачите во повеќе од десет американски држави ќе го изберат републиканскиот претседателски кандидат.
Обвинителката на округот Фултон, Фани Вилис, исто така предложи обвинетите да бидат изведени и да се изјаснат во првата недела од септември.
Вилис го поднесе својот предлог во форма на судска пријава, но досега ниту лично Трамп ниту неговите адвокати не објавија ништо за тоа.
Ново на Сител
-
Концентрациите на PM10 во Трубарево во рамки на дозволеното и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност
-
Вчера лишени од слобода деветмина, а санкционирани 772 возачи за разни прекршоци
-
Земјотрес со јачина од 4.8 степени во близина на Света гора
-
Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“
-
Вечер доделување на Златната топка, двајца фаворити
-
Трамп на комеморацијата на Кирк: Ако даде Бог, убиецот ќе ја добие најтешката казна за злосторството
-
Мицкоски на работна средба со претседателот и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи
-
ЦУК: Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода