Обвинителство постапува за расчистување на физичкиот напад врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, како и со Здружението на новинари со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа на ТВ Алсат е нападната и спречена да ги извршува своите службени задачи и да известува за пожарот во Визбегово, информираат од ЈОРСМ.
Во однос на настанот, како што информираат од ЈОРСМ, јавен обвинител ќе издаде и наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или врз животната средина.
Здружението на новинарите на Македонија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудија денешниот физички напад врз новинарската екипа на телевизијата АЛСАТ М, која известувала за пожар на дивата депонија во Визбегово.
Во инцидентот, како што објави Алсат М била оштетена е опрема, камера и телефонот на новинарот.
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
