Обвинителство истражува измама со туристички аранжмани и авио билети
Прилепското јавно обвинителство по поднесената кривична пријава донесе „наредба“ за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице од Прилеп осомничени за измама.
- Првоосомниченото лице, како управител и во име на второосомниченото правно лице, од крајот на 2015 година до крајот на месец август годинава, со намера за себе и за правното лице да прибави противправна имотна корист, довело и одржувало во заблуда осум лица од Прилеп, четири лица од Скопје, две лица од Струга, по едно лице од Тетово, Битола и Охрид и четири лица од Австралија, како и едно правно лице од Скопје. Осомниченото лице и покрај тоа што знаело дека не е овластено да продава промотивни авионски билети – по цени пониски од реалните, како и дека не поседува потребни дозволи за организирање на авионски превоз – ИАТА сертификат, во контактите со оштетените лажно прикажувало дека второосомниченото правно лице е регистрирано и го поседува потребниот сертификат за туристички аранжмани и е овластено да продава промотивни авионски билети, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.
Според Обвинителството, првоосомниченото лице ги навело оштетените да направат штетно располагање на својот имот по цени што тоа ги определило и на сметка на правното лице да уплатат соодветен паричен износ за туристички аранжман и авионски билети.
Оштетените, дел од паричните средства ги уплаќале на сметката на правното лице, а дел во готово на првоосомниченото лице. По приемот на паричните средства, на име на оштетените за уплатените туристички аранжмани од страна на првоосомниченото лице не биле обезбедени сместувачки капацитети во хотелите, ниту авионски билети за уплатените дестинации. На тој начин, уплатените парични средства осомничените противправно ги присвоиле за себе, а на оштетените им причиниле штета што надминува значителна вредност, во вкупен износ од 3.254.675 денари.
Против првоосомниченото лице, надлежниот јавен обвинител од ОЈО - Прилеп, ценејќи дека се исполнети условите, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, поднел предлог за определување на мерка „притвор“.
Ново на Сител
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење