Обвинителскиот тим проширен - 11 јавни обвинители вклучени во истрагата за пожарот во Кочани
Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски утрово одржал координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани, на кој поради обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители. Тие ќе постапуваат во овој предмет согласно усвоениот план на активности и динамика.
-Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Јавниот обвинител Коцевски побара од назначените обвинители ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец на одговорност за трагедијата во Кочани. Во текот на денешниот ден обвинителите во Кочани преземаат дејствија за обезбедување докази, стои во соопштението од Јавното обвинителство на РСМ.
Ова е трето проширување на обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани. Првично, на 16 март, веднаш по несреќата во Кочани, јавниот обвинител формираше обвинителски тим во кој беа вклучени петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје. Потоа обвинителскиот тим, еден ден подоцна, беше проширен на девет обвинители и го сочинуваа двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип и пет јавни обвинители од ОЈО Скопје.
Ново на Сител
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште