Обвинителен акт за полов напад врз дете
- Прилепското Јавно обвинителство до Основниот суд во Прилеп поднесе обвинение против едно лице за полови дејствија врз петгодишно дете. За кривичното дело за кое се товари обвинетиот предвидена е затворска казна во времетраење од најмалку 12 години.
- По сеофатна истражна постапка и прибирање на доказен материјал, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп до Основниот суд – Прилеп поднесе обвинителен акт против едно лице што се гони за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, соопшти Јавното обвинителство.
Обвинетиот, во јули годинава, во парк во кругот на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз петгодишно дете. По пријава од вработените во Здравствениот дом обвинетиот беше лишен од слобода и против него се водеше истражна постапка.
Во исто време поднесен е и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-
Почина Халид Бешлиќ
-
Дебарските пожарникари за девет месеци евидентирале 92 интервенции
-
Валверде нема да игра за Уругвај против Доминиканската Република и Узбекистан
-
Руни го критикуваше Салах за настапот на натпреварот со Челзи
-
Ракометната репрезентација доби нов спонзор
-
35-годишна жена нападната од нејзиниот поранешен сопруг
-
Средношколец нападнат од соученик со остар предмет во Кичево
-
Ужас во Кавадарци: Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки