Обвинителен акт за неготинец за разбојништво
– Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против разбојник од Неготино кој од казино со закана со нож одзел над 5.000 евра. Дваесет и четиригодишниот неготинчанец е во притвор и се бара негово продолжување поради опасност од бегство.
Како што соопшти ЈО, на 26 декември 2019 година, неготинчанецот околу 8 часот со маска на глaвата влегол од споредниот заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож се заканил на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното. Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што обвинетиот ја отворил касата и ги зел парите во износ од 324.700 денари.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес до судот во Велес доставил предлог за продолжување на мерката притвор.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Вања е киднапирана и убиена, тврдел таткото
-
Голема полициска акција во струмичко
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
По Берлин Мицкоски поголем оптимист за ЕУ интеграцијата, има дилема дали да испраќа писмо во Брисел
-
ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ 27,2% - СДСМ 9,6%
-
ДКСК бара комплетно нов или ревидирање на постојниот Изборен законик
-
Филков: Пензија на 67 години за судиите и обвинителите за поефикасно судство