Обвинителен акт против скопјанец за шверц на дрога
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 47-годишен скопјанец, кој се товари дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Скопје.
– Обвинетиот, на 11 април, при влез во државава на граничниот премин „Блаце”, во патничкото моторно возило Бе-Ем-Ве со скопски регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во полиетиленско ќесе со вкупна нето маса од 38,82 грама, пет таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диоксиметамфетамин и пластичен шприц со волумен од 10 милилитри со масло од хашиш, соопштија од скопското Обвинителство.
При претрес во непријавеното престојувалиште на осомничениот во Скопје, полицијата пронашла уште 2,68 грама марихуана и дробилка со остатоци од наркотична дрога.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи тој може да се даде во бегство или да го повтори делото.
Ново на Сител
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“
-
Почна академската учебна година
-
Филипче: Се потешко се живее
-
Мицкоски: Албанците се иселуваат поради политиките на ДУИ
-
Шукова: Скопје ќе биде зелен град
-
Ѓорѓиевски: Нова сообраќајна инфраструктура во Скопје
-
Полицијата во акција против дилерите на дрога