Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција

– Дваесет и тригодишен маж денеска е обвинет за серија намерно предизвикани пожари во департманот Вар, на југот на Франција, соопшти обвинителството во Драгињан. Пожарот кај Гро Бесијон, во департманот Вар, сè уште не е ставен под контрола, пренесува телевизијата БФМ.
Дваесет и тригодишниот маж е обвинет за повеќе намерно предизвикани пожари во местата Брињол, Кабас и Ван-сир-Карами, соопшти заменичката обвинителка во Драгињан, Лоранс Барикан. Осомничениот е уапсен „по опсежна истрага“ за дела сторени меѓу 19 и 24 јули. По апсењето бил задржан во полициски притвор, а потоа изведен пред истражен судија. Против него е покрената истрага за кривично дело уништување со пожар на шуми, шумски подрачја, пасишта или засади што му припаѓаат на друго лице, при што е нанесена неповратна штета на животната средина. Одреден му е притвор до судењето.
Заменичката обвинителка потсети дека станува збор за кривично дело за кое му се заканува казна затвор до 15 години и парична казна до 150.000 евра. Барикан наведе дека во тек се и други истраги во врска со дополнителни пожари. „Обвинителството во Драгињан се стреми брзо и одлучно да ја спроведе кривичната постапка“, рече таа.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нуњез, на социјалните мрежи ја пофали „неуморната работа на истражителите од жандармеријата и полицијата за да се стави крај на ваквиот несфатлив и неприфатлив однос“.
Префектот на департманот Вар, Симон Бабр на прес-конференција изјави дека пожарот кај Гро Бесијон и понатаму не е ставен под контрола.
– Оптимисти сме, но разумно, бидејќи овој пожар веќе неколку пати нè изненади – рече тој.
Нови жаришта се регистрирани, меѓу другото, во местата Баржол и Корен. Противпожарните екипи моментално работат на санација на 160 километри од работ на жариштето, а во гаснењето учествуваат два хеликоптера, два тешки хеликоптери од типот „Пума“ и околу 1.000 пожарникари.
MИА
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
