Обвинение за поранешниот директор на „Комунална хигиена“ поради преполните контејнери во главниот град

Oбвинителството поднесе обвинение против поранешниот директор на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми и управителот за отпад во претпријатието Аки Саити за сторено кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпад.
Според истрагата, во текот на октомври, обвинетите не вршеле соодветен надзор и не ги спроведувале законските обврски за собирање и транспорт на комуналниот отпад во Скопје.
Рустеми не ги спроведувал одлуките на Управниот одбор и не обезбедил редовно и квалитетно извршување на комуналните услуги. Саити, пак, иако имал соодветна стручна дозвола, заедно со директорот не презел мерки за правилно управување со отпадот.
Како последица, на повеќе јавни и сообраќајни површини се создале диви депонии, со одлагање отпад покрај садовите за собирање.
Бидејќи истрагата е завршена, обвинителството побара притворот да им биде заменет со мерки на претпазливост, а за управителот за отпад и привремена забрана за извршување на работните задачи
Ново на Сител
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
-

Зголемен водостојот на реките, во Кичево се уште се санираат штетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
