-->
-->
Обвинение за недозволено поседување пиштол и куршуми
-->
Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според ОЈО, при претрес на домот на обвинетиот 34-годишник во селото Рашче на 17 март се пронајдени полуавтоматски пиштол Застава М57 со калибар 7,62Х25 милиметри и 25 куршуми од тој калибар. Оружјето и муницијата му биле одземени.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, за кое се уште постојат околностите кои упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
