-->
-->
Обвинение за двајца македонски државјани за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги
-->
По спроведената истрага против четири лица, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против двајца македонски државјани за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
-Во исто време, за еден од осомничените, албански државјанин, Обвинителството во соработка со надлежните институции од Република Албанија во текот на истрагата не пронајде докази што упатуваат дека го сторил кривичното дело и за него е издадена наредба за запирање на истражна постапка, а за едно лице, исто така албански државјанин кој по стореното кривично дело е недостапен на органите на прогонот е издадена наредба за прекинување на истражна постапка која ќе продолжи по неговото пронаоѓање, соопшти ЈОРМ.
Двајцата обвинети, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, со засега непознато лице и осомничениот кој е недостапен, во текот на месец февруари 2017 година договориле неовластено купување заради продажба на наркотична дрога – марихуана. Според договорот, дрогата требала да биде пренесена од Република Албанија до Република Македонија по водите на Охридското Езеро. Непознатото лице ја пренело дрогата сместена во пет вреќи, со моторен чамец до брегот во близина на струшкото село Калишта и ја предал на лице кое е веќе осудено за истиот настан. Осудениот потоа се договорил со обвинетите да им ја предаде дрогата, но не успеал. Во моментот кога се упатил кон договореното место бил запрен од страна на полициски службеници од СВР Охрид и по извршен претрес, на задното седиште во возилото со кое ја пренесувал дрогата биле пронајдени 14 пакувања наркотична дрога – марихуана со различна тежина, со вкупна нето маса од 38,955 килограми
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО