Обвинение за бесправно градење во Битола

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднел обвинителен акт против едно лице за кривично дело – бесправно градење.
Како што информира државното Јавно обвинителство, обвинетиот, раководител во општинскиот инспекторат во Битола, од октомври 2013 година до март 2016 година, бесправно изведувал градба и изградил помошен објект на три ката со вкупна површина од 193 квадратни метри.
Објектот го изградил во атарот на селото Дихово, надвор од градежен реон, односно во местото викано Трновски ливади, на земјоделско земјиште во сосопственост на повеќе физички и едно правно лице.
-Објектот го изградил без претходно да обезбеди согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно чл.51-а од Законот за земјоделско земјиште и без одобрение за градење донесено во постапка пропишана согласно чл.59 од Законот за градење, што е поткрепено и со соодветно вештачење, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.
Ново на Сител
-

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва
-

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
