Обвинение против поранешен српски министер Мркоњиж за Коридорот 11

Српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура поднело кривична пријава до Јавното обвинителство против поранешниот министер во овој ресор Милутин Мркоњиќ и уште 14 функционери, објави весникот „Вечерње новости“.
Мркоњиќ е обвинет за пропусти во изградбата на делницата Уб- Лајковац, на автопатот на коридор 11 од Белград до Чачак. Делницата долга 12,5 километри била делумно асфалтирана, но со бројни оштетувања и не можела да биде пуштена во сообраќај. Според Министерството, ќе бидат потребни дополнително осум милиони евра за да се санираат штетите.
Меѓу обвинетите се и директорите на градежните компании кои ја вршеле работата.
Мркоњиќ е еден од основачите на Социјалистичката партија на Србија по распадот на Југославија и бепе близок соработник на Слободан Милошевиќ, како и министер во коалициските влади од 2008 до 2013 година.
Ново на Сител
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
-

Човечкиот фактор и годинава главна причина за шумските пожари
