Обука за зголемување на капацитетите за вработување на младите и жените во Струмица
Обука за зголемување на капацитетите за вработување на младите и жените се одржа денска во Струмица, во рамки на проектот „Мобилен OneStop Кариерен Центар“ на Фондацијата Голдиокс Стејт, поддржан и од амбасадата на САД во Република Македонија.
Ивана Рендевска, портпарол на проектот, рече дека обуката има за цел да им помогне да развијат вештини за вработување и самовработување и да придонесе за зголемување на економскиот и бизнис развојот во сите 8 плански региони во земјата.
Учесниците треба да се стекнат подлабоко познавање на трендовите и пазарните динамики во различни индустрии, постоечки или со потенцијал за развивање во нивните средини, како и кои се вештините што се потребни за успех и од аспект на потенцијален вработен, но и од аспект на потенцијален сопственик на бизнис во соодветната област.
- Тие ќе научат како да ги употребат нивните актуелни вештини и како да ги унапредат и ќе бидат мотивирани да преземат конкретни чекори за започнување или унапредување на нивните кариери, рече Рендевска.
Реализацијата на проектот ќе се одвива преку локални настани на кои учесниците ќе имаат можност да дознаат информации од прва рака за конкретни индустрии, потребните вештини, како и можноста за развој во тие индустрии.
Покрај ова, учесниците ќе имаат можност за индивидуални сесии со кариерни советници, како и со самиот експерт говорник со цел креирање на кариерни планови и продлабочување на знаењата во индустријата.
Обуките во рамки на проектот ќе се одржуваат во 26 општини во Македонија.
Заинтересираните може да се пријават за учество на следниот линк: http://bit.ly/OneStopCareerCenter.
Ново на Сител
-
Убиство во Бардовци
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром
-
Mајка и дете заглавени во поплавен автомобил во Велес, ги спасиле пожарникари во последен момент
-
Николоски-Ортиз: Авиолиниите Скопје - Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави
-
Ротацијата на Земјата се забрзува, денешниот ден е еден од најкратките
-
Млади битолчани фатени при купопродажба на дрога
-
Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен
-
Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти