Oбука за сертифицирање органски производи во Кратово

Во Кратово денеска продолжува обуката за сертифицирање органски производи, која е дел од серијата обуки „Нова генерација органски фармери“ за премин од традиционално кон сертифицирано органско производство на храна, во рамки на проектот „Произведувај органски - пакувај еколошки“.
Проектот го имплементира здружението Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ“ од Крива Паланка заедно со здружението „НИЕ“ од Ќустендил, Бугарија, со средства од ИПА Програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
- Ова е втора дводневна тренинг-обука. Во првиот дел беше разработен концептот на органско призводство и органско сточарство, пчеларство и аквакултура. Како продолжение, вчера и денес разработивме аспекти на сертифицирање на органската храна, а предавачи се експерти од Факултетите за земјоделие и храна од Скопје
и Софија, информира Андирана Ивановска-Давитковска, проект-менаџер од „ЕГРИ“, Крива Паланка.
Учесници на тренинзите се земјоделски производители од двете страни на границата, од Севериоисточен плански регион, Македонија и Ќустендилска област, Бугарија.
До крајот на серијата ќе се спроведе уште една дводневна сесија, по што ќе следува студиска посета на успешни органски фарми во регионот.
Ново на Сител
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
