Обука за одредување на видот и одмерување на висината на казната во Куманово
Обука за „Практични искуства од досегашната имплементација на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ се одржа денеска во Куманово, во организација на Адвокатската комора на РМ (АКРМ), со финансиска поддршка на Амбасадата на САД, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите.
На обуката адвокатите Синиша Станковиќ од Куманово и Фатмир Муса од Скопје зборуваа за нормативните аспекти на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната, но воедно го елаборираа и прашањето за примената на овој Закон низ практиката на адвокатите и правосудството.
- Во рамки на обуката беше спроведена и симулација на случај, по што низ дискусија беа акцентирани проблемите со кои адвокатите се соочуваат во реалноста при практичната примена на Законот. Ставот на адвокатите, учесници на обуката, е дека со Законот се губи индивидуализацијата на казната и слободното судиско убедување, дека неоспорна е неговата контрадикторност и неусогласеност со темелните вредности на Уставот, се наведува во соопштението на адвокатската комора.
Обуката се спроведува во рамки проектот на АКРМ „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ финансиран од американската амбасада во Скопје.
- Бранителите играат клучна улога во воспоставувањето на современ и одговорен систем на кривична правда. Една од најважните реформи на правосудниот систем во Република Македонија беше имплементацијата на адверсијалниот систем, унапредување на владеење на правото и на почитување на човековите права. Токму затоа, целта на проектот е развивање на вештините на адвокатите во однос на клучните карактеристики на овој систем. Постигнувањето на оваа цел ќе биде возможно единствено преку континуирана едукација на адвокатите на одбраната и лоцирање на области кои се сметаат за слабост на овие нови закони, стои во соопштението на адвокатската комора.
Ново на Сител
-
Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-
Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра
-
ЗНАМ ја промовираше Националната платформа за македонско национално единство и црвените линии
-
ЕУ го усвои 15. пакет санкции против Русија
-
Во Белград и денеска студентски блокади на повеќе локации, излегоа и ученици од некои училишта
-
Откриени речиси 46 килограми кокаин во контејнер со банани на пристаништето во Солун
-
Собранието по скратена постапка го донесе Законот за вториот дел од унгарскиот заем
-
Песов: Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија